Судот во Стразбур одлучи: Јанакиески неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ и за „Шпански скали“

Влатко Илиевски, полномошникот на Миле Јанакиески пред Европскиот суд за човекови права, информира дека Европскиот суд за човекови права денес објавил пресуда за утврдена повреда на правото на слобода на поранешниот министер за транспорт и врски, загарантирана со член 5 од Европската конвенција за човекови права,објави faktor.mk.

Станува збор за случаи во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“.

За денеска е закажана прес конференција, на која покрај Илиевски, ќе присуствува и адвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше Јанакиески во овие случаи.

извор: faktor.mk.