Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје.
Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден.
Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна понатамошна постапка, согласно нибните оперативни процедури за вакви настани.
Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” во близина на Министерство за правда.
Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.