Тешка сообраќајна несреќа на новиот булевар „Васко Карангелески“, пред основното училиште „Љубен Лапе“, изутрината. Според неофицијалните, првични, информации од МВР, бидејќи нивниот извештај не е готов, нема повредени. Но, на вознемирувачките фотографии, се гледа едно превртено возило и едно со уништена предница. И тоа на самиот пешачки премин, каде во текот на целиот ден, постојано минуваат децата – основци од ова училиште, објави Алфа.
Булеварот, под надлежност на град скопје, неодамна беше пуштен во употреба, ама без никаква сигнализација.