На 11.12.2023 во 14.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачје на Карпош бил пронајден починат И.Т (65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.