На 20.12.2023 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР.