Владата со препорака за време на новогодишните и божикните празници да работат продавниците, штандовите и киосците

Владата, на вчерашната седница, препорача во текот на новогодишните и на божикните празници, односно на 31 декември 2023 година, 1 јануари 2024 година и 7 и 8 јануари 2024 година, да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните во текот на празниците, особено во помалите градови и на места каде што нема трговски центри (молови).

Владата образложи дека во текот на новогодишните и на божикните празници, зголемена е посетеноста од странски туристи во целата држава, поради што има и потреба да им се овозможи да пазаруваат. Тоа, според нив, ќе придонесе за растот на потрошувачката во државата.