Мартин ја запроси Драгана на концертот од Дино Мерлин во Скопје

„Беше навистина романтично, имаше многу луѓе околу нас, а тој клекна на колена додека Дино Мерлин ја пееше ‘Нешто лијепо треба да се деси’. Тогаш сфатив што се случува“, вели Драгана од Велес за изненадувањето што ѝ го приредило нејзиното момче на концертот.

Мартин Накевски од Велес, ја побара за сопруга својата девојка Драгана Миновска по 8 години врска.

Тој ја запроси на концертот на Дино Мерлин во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, додека босанскиот музичар ги пееше своите најголеми хитови.

„Со Мартин сме во врска 8 години, а се запознавме случајно за големиот христијански празник, Велигден.

Иако имаме разговарано за брак претходно, не очекував дека ќе ме запроси на концертот на Дино Мерлин во Скопје.

Беше навистина романтично, имаше многу луѓе околу нас, а тој клекна на колено додека Дино ја пееше ‘Нешто лијепо треба да се деси’.

Тогаш сфатив што се случува.

Бев премногу изненадена, навистина не мислев дека ќе ме запроси токму тогаш.

Потоа ми кажа дека единствено во моментот кога клекнал на колено почувствувал трема, а дека прстенот го избрал сам за време на неговиот престој во Шпанија“.

crnobelo.mk