Ракополагање на Епископот Велички г. Никола

На денешната неделна Божествена Литургија, во величествениот храм на Светиот Великомаченик Димитриј Мироточив Солунски во Битола, во присуство на Архиепископот и на архиереи од МПЦ-ОА, на повеќе свештенослужители и на верен народ, беше извршен свештениот чинот на хиротонија на новиот архиереј на нашата света Црква, досегашниот игумен на Манастирот на Свети Николај Чудотворец во Мариово г. Никола. Новиот епископ ја понесе титулата Велички и е вброен како викар на Преспанско-пелагониската епархија.

Овој свечен чин се изврши откако Светиот Архиерејски Синод, на својата седница одржана на 26 декември 2023 година, го избра архимандритот г. Никола (Трајковски) за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија.
Нашето монашко братство, возглавено од Старецот Епископ г. Партениј, срдечно му честита на новоракоположениот Епископ Велички г. Никола и му посакува благодатни сили, здравје и просветление, за богоугодно да го напасува стадото Христово во доверената му нива Господова. Достоен!

 

 

Бигорски манастир