Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу се очекува да одржи прес-конференција денеска попладне на која не е исклучена можноста да поднесе оставка. Причина за тоа е што СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда и да го поминат пакетот европски закони, односно закони што се носат со европско знаме.
Станува збор за три закони за реформа на јавната администрација, два за дигитализација и законот за медиуми.
Откако „Телма“ објави дека Алиу размислува да се повлече бидејќи му ги блокираат законите на кои тој бил фокусиран во изминатите единасесет месеци откако е министер за информатичко општество, во Владата се создала паника.
Како што дознаваме, на Алиу му се јавил лично премерот Ковачевски да го уверува дека законите ќе бидат закажани на собраниска седница во понеделник на 30 јануари, но Алиу барал тоа да се случи до петок, пред изборот на техничката влада.
За намерите на министерот за оставка се заинтересирале и од една странска амбасада на која Алиу отворено им се пожалил дека во СДСМ и ДУИ воопшто не се заинтересирани за евопската агенда на државата туку само се кријат зад неа туркајќи ги личните интереси.
Алиу е на чело на МИОА од февруари минатата година.
извор: „Телма“