Голема полициска акција во Грчец, се вршат претреси и се апсат членови на криминална група

Голема полициска акција во Грчец,се прават претреси и во Дуќанџик, Чаир, и на неколку други локации. Неофицијално има неколку уапсени лица, а акцијата е сè уште во тек.

Оваа група според неофицијалните информации се поврзуваше со повеќе кривични дела меѓу кои трговија со дрога, киднапирања и убиства. Акцијата е во тек, детали се очекува да соопшти полицијата во текот на денот.

извор: 24.mk