И Стевчо Јакимовски ги собра потребните 10.000 потписи за претседатеската кандидатура

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски , денеска ги собра потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.

Како што изјави Јакимовски за Канал 5 , до денеска собрал над 10.300 потписи, со што го исполнил цензусот за неговата кандидатура за претседател на Македонија.

Според последните информации од ДИК најблиску до потребните 10.000 потписи е и професорката Билјана Ванковска.

Јакимовски ќе им се придружи на Димитриевски, Таравари и Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка.

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промовирани викендов за кога двете партии закажаа конгреси.

Крајниот рок за собирање на потписи е 8 март.

 

извор: Канал 5