Алфа: Ако ништо не се превземе, да ни дадат 3000 лопати сами ќе го завршиме автопатот Кичево-Охрид, велат охридските туристички работници

Туристичките работници се црвенеат пред странците кои по долг низ години одлучиле повторно да го посетат Охрид,но желбата да уживаат во убавините спласнува штом ќе се симнат на македонско тло.За нив е неверојатно и шокантно сознанието дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид како што ја оставиле кога последен пат дошле,така повторно и ја затекнале. Да не беше лажењето ќе се срамевме,велат охриѓани и туристичките дејци кои не знаат веќе што да смислат и како да ја оправдаат децениската изградба на автопатот.

“Веќе не знаеме што да им кажуваме на гостите,има гости кои што биле тука пред 4-5 години и доаѓаат повторно и кога ќе им кажеме дека моментално се гради, тие велат па ова се градеше кога бевме пред 4 -5 години.Значи малку таа приказна не поминува,барем да се адаптира и да се направи аеродром Охрид до Охрид. Барем гостите кои доаѓаат со чартер летови од Полска, Холандија, Белгија,Англија да имаат еден убав впечаток кога ќе влезат во градот”-вели Јаким Маленко,туристички работник

Ни прекипе од поплаките на странците чиј прв впечаток е како да дошле во либанскиот град Бејрут оти патот кон Охрид е како да се случила експозија, велат туристичките работници. Тие на крајот од ланската година изразија подготвеност да запрегнат ракави и сами да ја завршат автопатската делица од 57 километри,она што државата 10 години не е способна да го направи.

“Ако ништо не се превземе, како што гледаме дека многу слабо се работи на автопатот,кажано беше да ги собереме сите вработени од хотелската индустрија и да се собереме да направиме една работна акција.Да ни дадат 3.000 лопати и да фатиме со лопати да исполниме се’ .Ќе повикаме на помош од околните села со трактори да дојдат и да направиме една работна акција”-вели Крсте Блажески, Претседател на Хотам.

Хотелиерите апелираатчас поскоро, пред почетокот на летната сезона, да се направи барем клучката кај охридскиот аеродром, која е раскопна повеќе од три години.Да не се повторат ланските случувања кога безмалку еден месец беше затворена главната сообраќајна артерија од Подмоље до влезот на туристичкиот центар. Автобусите со туристи од аеродром до хотелите во градот патуваа два и пол часа,колку што трае авионскиот лет од Амстердам до Охрид.Автопатот Кичево-Охрид е огледало колку сме способни и колку не бидува како држава.Овој инфраструктурен проект тежок половина милијарда евра кој ќе влезе во историјата на државата како најголема инвестиција чија реализација е неизвесна,не врати 30 години наназад-гневни се туристичките работници.Поради ужасно лошиот пат, странците не само што не одбегнуваат ,туку не помислуваат да поминат низ нашата држава, за транзит ја користат јужна Албанија.

Извор: Алфа ТВ