Напаѓачот со нож во Сиднеј имал психички проблеми

Човекот кој нападна и кој избоде шест лица до смрт во Сиднеј имал историја на проблеми со менталното здравје и нема индикации дека некаква идеологија била мотив за нападот во еден од најпрометните трговски центри во градот, соопшти полицијата во неделата (14 април).

Напаѓачот, идентификуван од полицијата како 40-годишниот Џоел Каучи, и е познат на полицијата во соседната држава Квинсленд, а полицијата разговарала со неговото семејство по нападот во саботата, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс и Квинсленд.

Семејството го препознало и стапило во контакт со полицијата во саботата откако ја видело веста за убиствата.

„Кога семејството ги виде снимките од настанот на телевизија, помислија дека можеби е нивниот син и ги контактираа властите“, изјави Роџер Лоу, помошник полициски комесар во Квинсленд.

Каучи избоде шест лица до смрт и повреди уште најмалку 12 пред да биде застрелан од инспекторката Ејми Скот, која самата се соочи со него додека тој дивееше.

 

slobodnaevropa.mk