Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од с.Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“.
Во периодот од 24.02.2024 до 28.02.2024, преку социјална мрежа, пријавениот во повеќе наврати испратил пораки со заканувачки содржини кон тројца полициски службеници.