Ударна вест во светот: Од засега непознати причини заради масовен прекин на интернет комуникациите приземјени авиони, затворени банки и медиуми

Прекини во ИТ врските се пријавени низ целиот свет, што ги принуди авиокомпаниите да го прекинат авиосообраќајот, аеродромите, медиумите и банките се нефукционални, јавуваат светските агенции.

Авиокомпаниите и аеродромите пријавија проблеми, поради што многу летови се приземјени

Со исти проблеми се соочува и аеродромот во Берлин, како и ИТ комуникациите во Австралија.

Причината не е позната – велат од Мајкрософт, но соопштија дека се преземаат мерки за откривање на причините и за решение на проблемите.

Во Обединетото Кралство и железничките компании велат дека се соочуваат со „распространети ИТ проблеми“

ТВ каналот Скај Њуз денеска не можеше да емитува во живо, а и лондонската берза има прекини во работата.

извор: lat.sputnikportal.rs