Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против Џ.Р.(44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
Како што соопштуваат од МВР, на 3 јули годинава пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.