(ВИДЕО) Апсење на граѓани кои работеле на расчистување на црква во атар на селото Галате

0
27

По пријава на Јавен обвинител, доцна поладнево интервентна полиција апсела граѓани од гостиварско. Како што е објавено на социјалните мрежи, граѓаните работеле на расчистување на црква во атар на селото Галате. На видеото се гледа багер кој работи на расчистување на теренот, полиција и неколку полициски возила, меѓу кои и марица.

Или ќе не приведат сите или ниеден. Сакаат да не приведат, сме узурпирале место- коментираат насобраните граѓани.

Тие велат дека ја средуваат црквата, но полицијата добила насоки од обвинител сите да бидат приведени.

Се очекуваат повеќе информации во текот на денешниот ден.

republika.mk