Тигрите и Волците играа фудбал, присуствуваше и министерот Тошковски

0
33

Вечерва присуствував на ревијален натпревар во фудбал помеѓу екипи составени од припадници на ЕСЗ Тигар и ЕСН Волци, кој се одржа на новиот спортско-рекреативен центар во Општина Бутел кој го носи името “Бранители” во чест на сите бранители кои го дале својот живот бранејќи го територијалниот интегритет на Македонија.
Секогаш ќе давам поддршка на вакви иницијативи за оддавање почит на храбрите бранители кои се симбол за гордост и пожртвуваност за татковината, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.