РКЕ до крајов на месецов ке соопшти дали граѓаните од 1-ви јануари ќе добијат час повеќе електрична енергија

0
25

До крајот на месецов Регулаторната комисија за енергетика ќе соопшти дали граѓаните од 1-ви јануари ќе добијат час повеќе електрична енергија.

„Доколку се воведе листата таа ќе биде од 1-ви јануари. Значи ние со анализите сме при крај ќе треба тие анализи да ги презентираме пред експертската јавност и се разбира пред компаниите ЕСМ и ЕВН Хоме, пред се кај овие компании затоа што ЕСМ ги обезбедува како производител потребите на домаќинствата и продава на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме. Ќе треба и со нив да разговараме за да видиме како тоа би го примениле и дали може да го применат доколку се прифати се ова и доколку анализите покажат дека треба да се прифати, притоа да не направиме никаква финансиска штета на ЕСМ и ЕВН Хоме, сегашната дневна трафика би се продолжила наместо до 15 часот ќе биде до 16 часот“, порача Марко Бислимовски.

Во следниот период на состаноци со експерти и компаниите ќе се дискутира за воведување на дополнителен час евтина струја. Досегашните анализи се позитивни, но загрижуваат високите цени во југоисточна Европа. Цените на електричната енергија на берзите од Унгарија до Грција во секој момент имаат за 2 до 3 пати повисоки цени во одредени часови кога има најголеми тргувања споредено со останатиот дел од Европа.

„Енергетската заедница е нашиот гласноговорник пред Европската комисија и бараме да се испита што се случувало на пазарите за да имаме ваков удар на цените во нашиот регион. Тој допис е испратен пред две три недели исто така на оваа наша иницијатива, се произнесоа министрите за енергетика на Грција, Бугарија и Романија каде исто така се соочуваат како земји членки на ЕУ со далеку повисоки цени. Треба да се испита тоа, факт е дека во регионот имаше големи инвестиции во обновливи извори, во целиот регион“, вели Марко Бислимовски.

Проблемот се очекува да се отвори наредбата недела на средбата на регулаторните тела од земјите членки на Енергетската заедница.

 

denesen.mk