Претседателските вили во Скопје и Охрид се „дивоградби“

0
31

Директорот на службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во  вчерашното гостување во „Дејли Клик“ зборуваше дека државниот имот е во многу лоша состојба. Тој рече дека вилите на претседателот во Охрид и во Скопје немаат имотни листови, односно се дивоградби.

„Државниот имот е многу лоша состојба. Вилата во Свети Стефан е во многу лоша состојба, или вилата во Лазарополе. Немаше никаков пристап до овие објекти, и планот наш како ново раководство да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна состојба. Но пред тоа да го решиме имотно правниот статус. Замислете, премиерските и претседателските вили во Охрид и во Скопје се дивоградби и немаат имотен лист“, рече Томовски.

 

skopjeinfo.mk