На 16.10.2024 во 14.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Ф.С(21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. При контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
ЦУК: Опасна дупка на кејот на Вардар во скопски Аеродром, Ангелов вели: „Сејфти фрст“
Центарот за управување со кризи, на денешната прес конференција која ја одржа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, укажа дека од…
Берза: Секоја трета котирана компанија годинава со помала добивка од лани
Анализа на работењето на котираните друштва во првите девет месеци од годинава во однос на лани Во првите девет…
(ВИДЕО) Се појави снимка како „цитроенот“ се движи кон селото Бразда
Порталот „Порталикс“ објави снимка од надзорни камери на кои се гледаат возилата во кои најверојатно била пренесена 14-годишната Вања Ѓорчевска…