Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс во Атина

Стефан Михајловски освои бронзен медал на Европското првенство во кик бокс за сениори во Атина, Грција. Во полуфиналето Михајловски во добра борба загуби минимално 1-2 од Украинецот Серхи Бабенко.

Нашиот друг претставник Бобан Илиоски го совлада Хрватот, Петар Јаман и се пласира во полуфиналето, а утре ќе се бори за влез во финалето.

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

 

 

skopjeinfo.mk