Доаѓа зима и мраз, следната седмица наутро и до околу -10, а потоа дожд и снег!

Под влијание на многу постудена воздушна маса од север, во текот на следната работна седмица ќе биде особено студено со многу пониски утрински и дневни температури на воздухот. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а особено на планинските места, како и во Беровскио регион тие ќе се спуштат  и до близу -10 степени, што значи дека очекуваме појава на умерени до јаки мразеви.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следната работна седмица на многу места нема да надминуваат 10 степени, а на повеќето места ќе останат  и под 10 степени, што значи дека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Особено од средината на следната седмица ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има повремен снег, со што е можно формирање на првата бела покривка за оваа сезона. Не се исклучува можноста снежната граница понекаде да се спушти до околу, па и нешто под 1000 метри надморска височина, со што провејување на снег за прв пат оваа сезона можно е да има и во повисоките населени места.

Се на се, зимата до сега и тоа како ја чувствуваме, особено во ноќните  и во утринските часови каде на повеќе емста низ Македонија има појава на мраз, а со уште поголем интензитет истата ќе ја почувствуваме во текот на следната работна седмица, најавува метеопрогнозерот Салвчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk