Теа Ѓоргиевска е нашата претставничка на овогодишниот избор за Мис Универзум. Атрактивната кумановка беше избрана на изборот кој минатиот месец се одржа во Скопје.
Таа отпатува во Мексико и се натпреварува со десетици убавици од светот за посакуваната титула. Во делот во кој учесничките се претставуваат во национални костими, Теа носеше традиционална македонска носија стара 200 години.
femina.mk