Портпаролката на Влада, Марија Митева денес кажа дека Владата не размислува да се зголеми старосната граница за пензионирање откако вчера овој предлог наиде на бурни реакции од страна на јавноста за граѓаните да се пензионираат на 67-годишна возраст.
„Во овој момент, тоа што го направивме е усогласување со покачувањето на пензиите од 5000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој што се работи. Гледаме како да ги стабилизираме сите состојби, така остануваме посветени на состојбата во Фондот и ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент, не се размислува за предлогот на Фискалниот совет“, посочи Митева.
skopjeinfo.mk