Специјалните единици при Министерството за внатрешни работи со својата исклучителна подготвеност покажаа дека се гаранција за безбедноста на Македонија.
Денеска, преку реалистична симулација на борба против криминално-терористичка група, Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица, презентираа силна психофизичка подготвеност и максимална посветеност.
Врвниот степен на подготвеност и стручност на специјалните единици е гаранција за надминување на сите предизвици, која ќе продолжи и во иднина, со цел сигурна безбедност и на границите на државата.
Показната вежба беше одржана како завршување на обуката на кандидатите за прием во Единицата за брзи интервенции која е една од специјалните единици на министерството за внатрешни работи.
Храброста на нивните припадници е нивен траен сопатник и белег на препознатливост од моментот кога за прв пат ќе ја облечат полициската униформа и низ бројни полициски операции се создаваат
како нашите бранители и херои!
За раководството на Министерството за внатрешни работи ќе биде приоритет, постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните и техничките услови за работа на полициските службеници.