Министерството за внатрешни работи соопшти дека се лажни пристигнатите пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата. Оттаму велат дека надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
„Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Паралелно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
slobodnaevropa.mk