Подготвителни активности за асфалтирање денеска се одвиваат во Пештани. Таму предвидено е да се асфалтираат 7 краци од улици со вкупна должина од повеќе од 900 метри.
Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 6 милиони денари.
Продолжуваме и понатака со инвестиции во комналната сфера во реални проекти кои се од значење за граѓаните, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.