Снежно невреме го парализираше Истанбул

Снег зафати некои делови од Истанбул, поради наноси на улиците, сообраќајот е во застој, наставата во повеќето училишта е прекината, а градот го активираше „планот за одговор при катастрофи“ кој предвидува сите служби да работат 24 часа.

Под влијание на студен циклон од Сибир, интензитетот на врнежите ќе се зголеми во вечерните часови, а снег ќе продолжи да паѓа во Истанбул во наредните три дена, соопшти Турскиот метеоролошки завод.

Според турските медиуми, иако службите за чистење снег работат со полна брзина, само главните патишта се расчистени, а сообраќајот дополнително го отежнуваат автомобилите заглавени во снегот.

 

 

 

4news.mk