Најмалку осумнаесет лица загинаа во автобуска несреќа во Тајланд откако откажале сопирачките на возилото. Повредени се 23 лица.
Несреќата се случила на автопат на околу 155 километри североисточно од главниот град Бангкок. Според тајландските власти, возачот на автобусот изгубил контрола и возилото се превртело и завршило во ендек.
Во автобусот имало 48 тајландски патници кои биле на студиско патување. Седумнаесет лица починале на лице место, а едно лице починало во болница, објавија тајландските медиуми. Во болница се префрлени и 19 од 32 повредени.
Тајландскиот премиер вели дека наредил истрага за инцидентот. Се истражува и дали автобусот ги исполнувал безбедносните стандарди.
извор:НОС Холандија