Египетскиот борач Кабонга влечеше воз за влез во Гинис

Египетскиот борач Ашраф Махрус, познат како Кабонга, влечеше патнички воз со цел да влезе во Гинисовата книга на рекорди, јавува Анадолу.

Кабонга го влечеше возот цели 10 метри на железничката станица Рамзес во египетската престолнина Каиро.

На железничката станица беа присутни голем број ентузијасти кои го гледаа и бодреа Кабонга додека го влечеше возот со ремен околу рамената.

 

извор: АНАДОЛИЈА