Одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

На 18.03.2025 во 10.10 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Петровец, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „Мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(47) од Скопје, а сопственост на правно лице. Притоа, бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10 од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.