Денес сме тука да ја забрзаме реформата на јавната администрација и да воспоставиме систем што функционира брзо, предвидливо и професионално. Државата не може да се движи напред ако институциите работат споро, ако процедурите се комплицирани, и ако граѓанинот е тој што ги носи документите од канцеларија до канцеларија наместо институциите сами да комуницираат.
Нашиот пристап се заснова на четири главни столба:
Прво – дигитализација како основен стандард.
Второ – професионална администрација со јасни стандарди и одговорност.
Трето – рационализација и намалување на бирократијата.
Четврто – усогласеност со европските стандарди.
Ова не е процес што ќе остане на хартија. Ова мора да биде динамична реформа со јасни рокови и проверливи резултати. На оваа маса нема простор за изговори има задачи, рокови и одговорност.


