ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ:
Од 14:10 ч. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег.
Од 21:10 ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан во двата правци.
Од 00:25 ч. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Кичево – Гостивар поради врнежи од снег.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.




