120 ГОДИШНИНА ОД ПОГИБЕЛТА НА БЕСТРАШНИОТ ВОЈВОДА И СИН НА МАКЕДОНИЈА-ЃОРЃИ СУГАРЕВ
Денес во с. Паралово, во организација на Општина Новаци, достоинствено беше одбележана 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев (1876–1906).
Настанот започна со панихида на неговото вечно почивалиште, по што следуваше заедничка трпеза во манастирот „Св. Ѓорѓи“.
Со почит и благодарност се потсетивме на неговото дело и жртва, оддавајќи чест на ликот и делото на овој значаен македонски херој.


