Деновиве, на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје успешно се извршени 16 трансплантации на рожница (со претходните 9 во 2025 година вкупно 25), со што е овозможен подобар квалитет на живот. Што информираше Директорката на Клиниката, доц. д-р Наташа Шекеринов:
Најмладиот пациент има само 13 години!
Што е ново?
Националниот координатор, проф. д-р Билјана Кузмановска, со пораки за потребата од трансплантации.
На листа за чекање за кератопластика уште над 20 лица.
Како кератопластика не се правела со децении се очекува зголемен интерес и околу 200 операции годишно.
Кај храброто момче со дијагноза кератоконус извршена е пенетрантна кератопластика. Благодарение на навремената интервенција, спречено е трајно губење на видот.
За првпат во нашата земја се изведени методите DMEK и DSEK — минимално инвазивни техники каде се менува само еден слој од рожницата, без примена на шевови.
Операциите се изведени во соработка со еминентни експерти од Универзитетот Дјук (САД), предводени од проф. д-р Лојд Вилијамс. Рожниците се обезбедени преку донација од корнеалната банка „CorneaGen“ од Сиетл.
Фонд за здравствено осигурување на Македонија со целосна поддршка на овие трансплантации, но и на други органи и ткива како најефективен третман.


