Со векови, малечкиот Ахен се смета за симбол на обединета Европа.
Токму од тука Карло Велики (748–814) владеел со најголемото царство во западна Европа по падот на Рим, наследство кое подоцна довело до тоа тој да биде сметан за средновековен „татко на Европа“.
Денес, со Карловата награда им се оддава почест на оние кои се залагаат за европско единство на помодерен начин. На 14 мај таа ќе му биде доделена на Марио Драги.
Кој е Марио Драги?
Драги најчесто се памети како претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) со седиште во Франкфурт, кој ја стабилизираше еврозоната во бурен период. Но, зад себе има и многу други значајни станици во кариерата.
Драги ја започнува кариерата како професор по економија во Италија. Подоцна работи во Светската банка и во „Голдман Сакс“. Со текот на годините бил член на управните одбори на повеќе италијански банки и компании.
Од 2006 до 2011 година е гувернер на италијанската централна банка.
Во тој период почнуваат да излегуваат на површина проблеми на американскиот пазар на хипотекарни кредити со висок ризик. До 2008 година ситуацијата прерасна во глобална криза, по колапсот на инвестициската банка „Лиман Брадрс“, што предизвика тешки последици за економиите ширум светот.
DW




