Николоски: Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи

Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.
Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.
Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.
Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат.
Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи.