Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули треба да биде под 3 отсто. За да се постигне оваа цел, Владата започна разговори со маркетите, а ќе следуваат средби и со производителите и дистрибутерите.
Според премиеротХристијан Мицкоски, целта е да се обезбедат пониски цени и стабилизирање на инфлацијата.
Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе спроведе компаративна анализа на цените, споредувајќи ги цените кај добавувачите со оние во маркетите за ист производ, за мај 2026 година во однос на мај 2025 година.
Инспекции и анализи на цените
„Целта е да утврдиме што ја креира состојбата со зголемените цени на основните прехранбени производи“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата останува посветена на системски решенија што ќе овозможат инфлацијата кај храната да се одржува под 3 отсто. Во рамки на мерките, најавени се нови разговори со сите учесници во синџирот на снабдување.
„Сите мора да бидеме општествено одговорни. Граѓаните треба да добијат квалитетни производи по најниски можни цени“, рече премиерот.
Споредби со регионот
Според него, инфлацијата во Македонија во мај се движела меѓу 4,5 и 4,7 отсто, што е пониско во однос на дел од земјите во регионот, каде што: Грција има над 5 отсто, Бугарија над 6 отсто и Романија над 8 отсто
Мерки ако цените не се намалат
Владата веќе анализира и можни законски решенија доколку договореното со маркетите не се почитува. „Доколку не се забележи реакција од маркетите, дистрибутерите и производителите, Владата ќе реагира“, изјави Мицкоски.
Фокусот ќе биде исклучиво на основните прехранбени производи, а не на акцизните стоки како тутун и алкохол.
DW




