Чарлс III ги откри даноците, ја напушта Бакингемската палатa

Британскиот крал Чарлс III првпат јавно објави колку данок плаќа на државата, со што направи преседан во современата историја на монархијата и исполни ветување за поголема транспарентност.

Според официјалниот финансиски извештај на кралското домаќинство, Чарлс во даночната година 2024/25 платил вкупно 12,9 милиони фунти данок на доход и капитална добивка. Претходната година, 2023/24, тој платил 11,7 милиони фунти.

Овој потег се смета за невообичаен, бидејќи британскиот монарх по закон не е обврзан да ги објавува своите даночни податоци. Чарлс, сепак, доброволно плаќа данок на приход и капитал уште од времето кога беше принц од Велс, но ова е првпат тоа да го прави како владејачки монарх.

Објавувањето на податоците има за цел да ја зајакне довербата на јавноста во монархијата и да обезбеди поголема отчетност во време кога финансиските прашања на кралското семејство се под зголемено внимание.

Истовремено, и престолонаследникот принц Вилијам ги објави своите даночни обврски. Тој платил 7,76 милиони фунти во истиот период, нешто помалку отколку претходната година.

 

 

DW