Tелото на давеник, кој претходно исчезнал во Вардар кај неготинското село Црвени Брегови, вечерва е извлечено од реката, објави порталот „Прес24“ повикувајќи се на информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според првичните информации, се работи за 76-годишен жител на Неготино.
„РЦУК – Велес известува дека исчезнато лице во водите на река Вардар во с.Црвени Брегови-општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20:20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е тело и тоа е предадено на обдукција“, изјавиле од ЦУК за порталот.
skopjeinfo.mk




