На 10.07.2026, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија до слобода А.И.(22), Д.С.(24) и Д.И.(26), сите од Скопје, П.С.(20) и Л.Д.(19), двајцата од с.Волково, скопско и М.Б.(30) од Норвешка, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
На 09.07.2026 во 22:00 часот на место викано „Препиш“ кај брана „Калиманци“ полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода А.И.(23) од с.Саса, општина Македонска Каменица, поради тоа што при обид за негово легитимирање, тој се обидел да избега, фрлајќи бела прашкаста материја.
На 09.07.2026 во 23:55 часот на влез во с.Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј.(25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани. При преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил и А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.


