Под влијание на влажна и на значително поладна воздушна маса од север, во петок 24 јули во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално ќе наврнат над 10/15 литри на метар квадратен дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час.
Во Скопје и околината исто така во петок 24 јули ќе има повремен дожд а ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој повремено во делови од котлината ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час.
Во петок 24 јули наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени а големо опаѓање и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега во петок ќе имаат максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 24 степени.
Во Скопје и околината во петок 24 јули наутро температурата ќе се спушти до околу 14 степени а максималната температура ќе се искачи само до 20 степени.
Да напоменам дека овие температури се дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за месец јули, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.




