Рашковски: Семантички ми е јасно обвинението но како правен акт не, апсолутно не се чувствувавм виновен

0
288

„Семантички ми е јасно обвинението но како правен акт не. Апсолутно не се чувствувавм виновен“, рече Драги Рашковски пред судот во воведните зборови на првото рочиште против него, објави Телма. 

По, две одложувања заради истекот на мандатот на обвинителката во предметот Ивана Трајчева, во судницата воведените зборви ги превзема нејзината шефица Вилма Русковска која пред судот ќе ги изложи воведните зборови и ќе обајсни за што го товари поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и уште 6 обвинети. Па, Русковска пред судот ќе каже:

„Во оваа постапка преку докази ќе го увериме судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за камери, кабини коишто дел не се наоѓаат во просториите на Владата и никој нема објаснување. Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели.

Софтверот за препознавање на брзина на возила и изрекување на казни не се користи и по две години од набавувањето со оглед на зсконската регулатива како пречка, факт кој го знаел Драги Рашковски. Нема надлежност да снима и издава казни. Тука има друга позадина а тоа не е во делот на грижата за гаѓаните туку позадината е патентот лична сопственост на обвинетиот Драги Рашковски.

Ќе докажеме дека овој софтвер не се употребува на само заради начинот на набавката туку и дека е нефункционален.

Текстот во целост на: Телма.