Жителите од Кичево излегоа на улица за да спречат нова градба, бараат градинка, амбуланта…

Жителите од кичевската населба Ивандол излегоа на улица за да ја спречат изградбата на една зграда. Тие ја спречија машинеријата да почне со работите за изградба социјални станови во оваа населба. Револтираните граѓани бараат наместо зграда, да се изгради градинка, училиште или амбуланта, објави ТВ 21.

-На истото место нека изградат градинка, амбуланта, нека не ни носат луѓе со кои не можеме да се разбереме.

Тие велат дека за нивното барање одамна го известиле градоначалникот дури и неколку пати потпишале петиција за забрана на проектирањето на зградата.

извор: ТВ 21.