Автомобил се преврте во центарот на Тетово

0
580

Попладнево автомобил се превртел во центарот на Тетово, пишува 360 степени.

Како што пишува порталот, очевидци сведочат дека се слушнал силен удар по што дошло до превртување на возилото. На местото на настанот веднаш излегла полиција, а дошла и екипа на Итната медицинска помош.

Засега нема официјални информации за тоа дали и колку повредени лица има, но според очевидци немало повредени пешаци, а на возачот на автомобилот во моментов медицинската екипа му пружа прва помош.