Тројца мртви во престрелка во Србија – убил пријателка, полицаец, а потоа се застрелал себе

0
337

Во Заечар синоќа е убиен 28-годишниот полицаец Иван Ѓурѓевиќ, јавуваат српските медиуми.

Во него пукал Д.З. кој претходно ја убил 62-годишната сосетката В.Ѓ.

Како што дознава „Курир“, во престрелката е повредена и една полицајка. Во бркотницата најверојатно си ја повредила раката и се здобила со исеченица. Раната ѝ е сошиена на Одделот за хирургија, примила инфузија и нејзината физичката состојба е добра.

Се’ уште се чека официјален извештај за инцидентот. По пукањето, напаѓачот се изолирал во поткровјето на семејниот дом, а по извесно време се самоубил. Покрај припадници на Полициската управа во Заечар, биле ангажирани и припадници на Специјалната антитерористичка единица.

Српскиот министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, цело време бил на местото на настанот.

Фото: Курир