МПЦ-ОА: Црковните теми и содржини да се остават на црковните авторитети

0
294

Македонската православна црква – Охридска Архиепископја (МПЦ-ОА) ги отфрла изјавите дадени за бугарските медиуми со кои, како што се наведува, се проблематизира македонската историска наука и се оспорува континуитетот на МПЦ-ОА.

„Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката се уште не се случила“ е – неприфатливо. При оваа прилика, кога истовремено се отвора и темата за устројството на Охридската Архиепископија – наследничката на Јустинијана Прима, истакнуваме дека црковните теми и содржини треба да се остават на црковните дејци и авторитети“, стои во соопштението од канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

 

Радио Слободна Европа