Најголемата соларна централа во Турција ќе биде завршена до крајот на годината

0
245

Најголемата соларна централа во Турција, соларната централа „Карапинар“, што во моментот се гради, се планира целосно да биде завршена до крајот на 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Моменталниот оперативен капацитет на изградената централа е 600 мегавати, а кога ќе биде завршена ќе има капацитет од 1.300 мегавати“, соопшти Зија Алтунјалдиз, претседател на Комисијата за индустрија, трговија, енергетика, природни ресурси и технологија на турскиот Парламент.

Алтунјалдиз рече дека фабриката, што ќе зафаќа површина еднаква на 2.600 фудбалски стадиони, ќе вработи 3.000 луѓе и ќе обезбеди соларна енергија за 2,5 милиони домаќинства.

Тој додаде дека по завршувањето тоа ќе биде најголемата соларна централа во Турција и Европа.

Најголемото финансирање во секторот за обновливи извори на енергија во Турција беше обезбедено од „Калјон енерџи“ за најголемата соларна централа во земјата, централата „Карапинар“ во Конја.

„Калјон енерџи“ потпиша договор за финансирање со осум турски и меѓународни банки за 812 милиони долари за централата.

Британската компанија „Експорт фајнанс“, „ЏП Морган Чејс и компанијата“, „Денизбанк“, „Гаранти ББВА“, Турската бизнис банка (Turkiye Is Bankasi), Банката за развој и инвестиции на Турција, Банката за индустриски развој на Турција и „ВакифБанк“ ќе обезбедат финансиска поддршка со рок на достасување од 12 години за проектот.

извор: Агенција Анадолија (АА).