Бујар Османи вчера кажа дека помеѓу Бугарија и Македонија има документ кој е основа за договор меѓу двете држави кој што македонската страна го прифаќа и еве јавно во името на граѓаните на државата, во името на интересот на сите, повикуваме да го обелоденат тој таен документ и да кажат јавно што содржи, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.
Арсовски прашува дали владата на Димитар Ковачевски оди по стапките на претходникот Заев и се откажала од идентитетските обележја, историјата и јазикот?
– За ова треба да дадат одговор денес, а не да молчат и да кријат цело време Зошто тој документ е таен и што има владата да сокрие од македонската јавност? Доколку се е како што велат во интерес на граѓаните зошто би го криеле, вели Арсовски.
Тој истакна дека криењето со право отвора сомнежи дека се спрема ново предавство.
– Тоа нас ни дава право и како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните да се сомневаме дека се подготвува ново предавство на штета на националните и државните интереси и тоа за нас потенцираме дека е неприфатливо и ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати таков штетен договор, нагласи Арсовски.